Се појави петиција под мотото „Еден регион, една цел“, за УЕФА да ја разгледа можноста, Европското првенство за 11 години да му го препушти на балканскиот регион.
Како потенцијални земји домаќини се споменуваат шест земји меѓу кои и Македонија. Претставени се градовите и стадионите, а Балканот е прикажан како еден од најстраствените фудбалски региони во Европа.
Зошто Балканот заслужува Европското? Затоа има фудбалско наследство и произведе играчи, клубови и национални тимови од светска класа кои ја обликуваа историјата на европскиот фудбал, стои во дел од петицијата.
Ние, долупотпишаните, ги повикуваме УЕФА и европските фудбалски власти сериозно да го разгледаат балканскиот регион како домаќин на УЕФА ЕУРО 2036.
Балканот е еден од најстраствените фудбалски региони во Европа. Фудбалот овде е повеќе од спорт - тоа е култура, идентитет, единство и надеж.
Со децении, балканските нации придонесуваат со легендарни играчи, незаборавни натпревари и неспоредлива навивачка енергија во европскиот и светскиот фудбал“, стои во петицијата