Планот на „World FC" е децата кои немаат средства да патуваат да ги одведат на Светското фудбалско првенство во Бразил, а целата авантура би се одвивала од Чикаго до Рио де Жанеиро по пат долг речиси 20.000 километри.
Организаторите од патешествието кое ќе се одвива во многу земји планираат да снимат и документарен филм во кој ќе се обидат да пренесат што им значи фудбалот на овие млади луѓе кои ќе имаат можност да посетат многу различни држави.