Нема застој за Алиоски, следна мета му е Базел

По голот на Пандев со кој и донесе 3 бода на Џенова, нов погодок стигна од уште еден македонскиот репрезентативец во странство кој е ударна навала во нашиот национален тим. Актуелниот првак на Швајцарија, Базел имаше 0:2 на гостувањето против Лугано, но Алиоски од пенал во 60-та и неговиот колега Садику во 80-та се изборија за голем бод. Гол број 16 за нашиот фудбалер кој е во страшна голгетерска форма со само два гола зад лидерот на табелата.

7 мај 2017 - 18:03