Не играш за Лед Цепелин, во Манчестер си

Еден од најдобрите чешки фудбалери во историјата, Карел Поборски во 1996. година на своја кожа го почуствувал режимот на Сер Алекс Фергусон.

Сер Алекс Фергусон беше добро познат по тоа што од неговите играчи често барал да имаат кратка и пристојна фризура (Бекам кај него никогаш не играл со фризуа томахавка), така што не е изненадување тоа што му се случило на Карел Поборски.
 
Во неговата нова книга „Leading“, Фергусон открива дека никогаш не му било јасно како фудбалер може да има долга коса.
„Никогаш не разбрав зошто некои играчи сакаат да имаат долга коса. Сè друго, освен нормална и кратка фризура не изгледа пристојно. Еден од првите проблеми го имав кога Карел Поборски дојде во Манчестер Јунајтед од Славија Прага во 1996. година. Изгледаше како да оди да игра за Лед Цепелин, а не за Јунајтед. Му наложив да се ишиша, но и покрај тоа косата и натаму му беше предолга за мој вкус“, пишува Ферги во делот за проблемите со долгокосите фудбалери.

На почетокот на годинава, Дејвид Бекам откри дека Фергусон еднаш го натерал да ја ишиша четката од главата пред почетокот на дуелот од Черити Шилд во 2000-та година. Бекам отишол до тоалетите во соблекувалните на Вембли и ја избричил главата.
„Бев во соблекувалната на еден час пред почетокот на мечот кога Сер Алекс Фергусон ме виде и ме натера да ја избричам четката од главата“, изјави Бекам во емисијата Грахам Нортон Шоу на БиБиСи.
 
Што ли би правел Пујол ако заиграше во Манчестер во времето на Фергусон?
24 септември 2015 - 12:26