По 24 поминати кола во Серија А, дури 17 напаѓачи кои одиграле по минимум 100 минути не успеале ниту еднаш да ја затресат мрежата. Од нив десетмина кои одиграле најмалку 180 минути или три меча не дале сè уште гол.
Најслабо во нападот сезонава му оди на Серџо Флокари кој во јануарскиот преоден рок од Лацио премина во Сасуоло и кој на 722 одиграни минути не успеал да се израдува ниту еднаш.
Втор на листата е Рикардо Меџорини од Торино без ниту еден постигнат гол за 547 одиграни минути, а трет е Кеко од Катанија. На оваа листа е и младиот талент Белфодил кој беше на мета на многу клубови од Италија и кој се уште е во пост.
Најмал проблем со постигнување голови има Џузепе Роси од Фиорентина кој има 14 погодоци, по него следат Имобиле и Тевез со по 13, а Игуарин, Берарди и Тони до сега имаат постигнато по 12 голови.
1. Серџо Флокари – Лацио/Сасуоло 722`
2. Рикардо Меџорини – Торино 547`
3. Кеко – Катанија 519`
4. Витор Барето – Торино 380`
5. Даниеле Кача – Верона 350`
6. Матос Сантос – Фиорентина 327`
7. Адријан Стојан – Џенова/Киево 299`
8. Диего Фариас – Сасуоло 263`
9. Ишак Белфодил – Интер/Ливорно 257`
10. Дуван Ѕапата – Интер 192`