Оваа најнехумана вест во новава година се однесува на Себастијан Ариоза кој веќе една година боледува од рак. Раководните луѓе на клубот наместо да му дадат поддршка, донеле одлука да го исфрлат од клубот со образложение дека не можел повеќе да игра фудбал.
28 годишниот Себастијан во октомври минатата година не добивал повеќе плата од клубот, а во стартот од 2014 година добил и известување дека не е повеќе член на екипата на Олимпија.
„Откако ми ја открија болеста, ова е уште еден голем удар за мене кој најмалку го посакував. Ме напуштија во моментот кога најмногу ми треба поддршка, а ова воопшто не е добар момент за да останам и без плата", изјавил разочараниот играч.
Откако освоил три титули со екипата на Дефензор Спортинг, Себастијан Аризоа во 2011 година потпишал за Олимпија, но во мај минатата година почнал да чувствува болки во градите. Лекарите му дијагностицирале рак по што веднаш му била извршена операција.
Доколку по еден месец хемотерапијата покаже позитивни резултати тој ќе може да почне со помали тренинзи, но дополнителен проблем сега му претставуваат финансиите затоа што клубот не застана до крај покрај него.