Мини класико со 16 000 навивачи

Б тимот на Барселона кој во недела ќе го пречека големиот ривал Реал Мадрид Кастиља привлекува огромен интерес за шпанските навивачи. За разлика од составот на Виланова кој на Кралевите им бега 15 бода, разликата помеѓу овие две екипите во втората лига изнесува 11 бодови.

Доказ за тоа дека шпанскиот фудбал нуди атрактивна игра и во втората дивизија е интересот на фановите кои на пет дена пред почетокот на мини „Ел класико" веќе ги откупиле сите 16 илјади билети кои биле на располагање.

Цените на картите се движат од 9 до 19 евра, а оние кои поседуваат сезонските влезници имаат можност да купат уште по три по цена од само 3 евра.

Барселона Б во моментов се наоѓа на 5 позиција на табелата со 36 бода, 11 повеќе од 16 пласираниот Реал Мадрид Кастиља. Лидер во првенството е составот на Елче со 50 бодови.

„Кралевите" минатото коло го совладаа Виљареал со 5:0, додека Барса на гости ремизираше против Алмериа 2:2.

23 јануари 2013 - 12:59