На изненадување на многумина Бугаринот Мартин Петров кој настапуваше во Премиер лигата, Бундес лигата и Премиера дивизион реши фудбалската кариера да ја продолжи во друштво на аматери за екипата на Чорлтон Торпедо каде ќе игра гратис.
34 годишниот Петров кој во последниве шест години настапуваше за Болтон, Манчестер Сити, а потоа на кратко и за Еспањол ги изненади противничките играчи на деби мечот на кој постигна гол за победа, а најимпресиониран бил играчот кој бил задолжен да го чува.
„Играше во нападот и кога го видов се зачудив и си реков зарем ова е Мартин Петров? Не ми се веруваше дека играм против поранешен фудбалер од Манчестер Сити, тимот за кој навивам, а потоа не ми веруваа и моите другари се додека не им покажав слика", вели импресионираниот противнички аматарски играч.
Петров кој има 90 настапи за бугарската репрезентација настапуваше и за Волсбург и Атлетико Мадрид, а како голема ѕвезда во аматерската лига ќе се обиде да му помогне на својот тим на стигне до титулата која последен пат ја освои во 2011 година.