Ледените подготовки на Валеренга

Фудбалерите кои работеле со Феликс Магат се жалат на „пеколните" тренинзи, но имаат среќа што не им е тренер Кјетил Рекдал од норвешкиот клуб Валеренга кој применува ледени тактики.

Пет-кратниот шампион на Норвешка и редовен учесник во европските натпреварувања, фудбалскиот клуб Валеренга од Осло минатата година имаше разочарувачка сезона.

Валеренга заврши на 11-то место и само пет поени над зоната зад испаѓање, па тренерот Кјетил Рекдал реши да преземе драстични мерки за подобри погдотовки во пресрет на новата сезона.

Дел од подготовките е и „воениот камп" кој траел само два и пол дена, но фудбалерите ќе го паметат до крајот на животот.

Фудбалерите морале да нурнат во дупка на заледено езеро во близината на Осло и да излезат на друг отвор.

„Тимот беше два и пол дена на еден вид на воен камп каде фудбалерите се соочија со многу тешки задачи. Тоа беше еден вид на тим-билдинг. Јас им се смеев, ама мислам дека почнуваат да ме мразат", изјави Рекдал.

26 февруари 2014 - 09:03