Зголемен профит
Продажбата на пиво, скара и телевизори ќе достигне рекордно ниво. На преполните ресторани и кафулиња ќе им иде добро, а ќе профитираат и секси шоповите кои ќе растураат со продажба на вибратори за жените чии партнери во периодот ќе бидат преокупирани со фудбал.
Проблеми за газдите
Компаниите ќе се соочат со проблеми со вработените кои ќе им бараат слободни денови. Ќе има натпревари од групната фаза кои ќе почнуваат на полноќ, а еден натпревар и во 3 часот наутро по наше време. Затоа газдите ќе имаат проблеми со ненаспани вработени, а некои нема ни да дојдат на работа.
Топката ќе биде лоша
Како и на секое Светско првенство, така и овој пат фудбалерите и голманите ќе и најдат некоја маана и на Бразука.
Хотелите ќе бидат лоши
Фудбалерите ќе бидат во некоја пустелија или ќе бидат во некое бучно место и фудбалерите нема да можат да спијат, па тоа ќе им биде оправдувањето за лошите резултати.
Прескапо
Патувањето и сместувањето ќе биде прескапо, па навивачите кои ќе сакаат да патуваат во Бразил ќе треба да ги потрошат парите што ги штеделе за школувањето за своите деца.
Жештина
Во Бразил е топло. Многу топло. Претопло!
Жени
Понежните половини се згодни. Ќе се изнагледаме слики и видеа од жените и девојките на фудбалерите, а ќе избираме и најзгодна навивачка.
Ќе ве ограбат и претепаат
Како и во секоја земја на планетата и Бразил си има проблеми со криминалот, ама медиумите (посебно англиските таблоиди) ќе претеруваат со приказните за опасностите кои ќе ги демнеат навивачите.
Проклетството на Мундијалот
Ќе се повтори ли проклетството на Светските првенства? Ниту еден европски тим нема триумфирано на Светско првенство кое се одржало во Јужна Америка.