Второ дерби по недисциплина викендов после аргентинското е швајцарското меѓу Базел и Цирих кое заврши 0:2 со вкупно 4 црвени и 8 жолти картони.
Од нив три исклучувања добија домаќините, а најчуден беше оној последниот на Таулант Џака кој беше дел од една од најчудните судиски одлуки со ВАР.
Всушност најмногу гореше во судиското продолжение кога Џирих ги даде двата гола и доби црвен, а потоа следуваа уште два црвени картони за играчите на Базел.
Во моментите на лудило Џака го загуби паметот и му додели „Зидановка“ на Никола Катиќ, а за насилничкиот потег доби втор жолт картон.
Потоа следуваше чудна судиска одлука спротивна и на ВАР стандардите. Судијата го прегледа срамниот чин на ВАР и го врати Џака од соблекувална за да му даде директен црвен.
На видеото се забележува како долгогодишниот член на Базел трча накај терен за да игра, мислејќи дека судијата го повикува за да му го укине вториот жолт.
Инаку Таулант Џака е една година постар од Гранит и тој разлика од брат му кој настапува за Швајцарија, пет години играше за селекцијата на Албанија.
Xhaka losing it. First a second yellow, then he goes full Zinedine Zidane.
— Swiss Football Data (@swissfootdata) May 7, 2023
I doubt he will play anymore matches in Super League this season.
What a finish of the Klassiker.#rotblaulive #fczuerich #BASFCZ pic.twitter.com/GdofOyKU3G
One of the strangest things I've ever seen in football today.
— Craig King - 𝗙𝗼𝗼𝘁𝗯𝗮𝗹𝗹𝗦𝘄𝗶𝘀𝘀EN (@FootballSwissEN) May 7, 2023
Taulant Xhaka is eventually retrieved from the tunnel after a VAR review to allow the referee to rescind his second yellow card for violent conduct... and give him a straight red instead.
📹 SRF pic.twitter.com/fMMYZu0i3M