Покрај успешната играчка кариера која што ја заврши во 40. година, Хавиер Занети од 2001. година раководи и со хуманитарната организација „ПУПА“, основана заедно со сопругата.
Од таа причина, Аргентинецот бил номиниран за наградата „Спортска личност на годината“, манифестација одржана во градот Мaцара дел Вало, на Сицилија.
Некогашниот десен бек на Интер победи во конкуренција на тренерот на Галатасарај и доскорешен селектор на Италија, Чезаре Прандели, почесниот претседател на Интер, Масимо Морати и секретарот на фудбалската федерација на Италија, Џанкарло Абете.
„Занети ја доби наградата поради одличниот пример кој им го даваше на младите и како играч, и сега како раководно лице во клубот“, изјави градоначалникот на Мацара дел Вало, Николо Кристалди.
Во својата богата кариера, Занети го носеше дресот на Интер на 615 меча, а за нероаѕурите постигна 12 гола.