Голман во Србија ја рогаше топката преку трибина во знак на протест

Најголемиот циркуз во викендашкиот клупски фудбал кој се врати на сцена, се случуваше во првата српска лига. Е до волку немало кај нас.

Екипата на Борац Чачак и гостуваше на Спартак Суботица во 17. коло од српското првенство.
 
Во 27-ма минута поведоа со 0:1, но на 3 минути до крајот судијата досуди пенал за домаќините, а потоа додека играчите се бунеа извади два црвени картони за гостите.
Второто полувреме личеше на сè, само не на фудбалски натпревар од прва лига. Фудбалерите на Борац седнаа на трева свртени со грб и протестираа гневни за досудениот пенал.
Да беше само тоа. Гостите најдоа и друг начин да го опструираат мечот. Секој пат кога топката ќе завршеше кај нивниот голман Владимир Бајиќ, тој ја рогаше во неповрат.

На крајот мечот се доигра, а Спартак Суботица славеше со 3:1. 

20 ноември 2017 - 11:16