
Жером Валке во октомври минатата година доби три месечна суспензија која му истече пред неколку дена, а Етичкиот комитет на ФИФА реши да му ја продолжи на уште 45 дена.
Тој е обвинет за кршење на шест точки од кодексот на ФИФА, а му открија дека продавал билети на црно за Светското првенство 2014 и бил вмешан во разни случаи на поткуп во кои нудел и добивал подароци од луѓе и компании.
Главниот истражител Корнер Борбељи, во својот последен извештај, побарал да му биде изречена деветгодишна забрана за сите активности во фудбалот и да биде парично казнет со 100.000 швајцарски франци.
Французинот ја извршување функцијата генерален секретар на ФИФА од 2007 година и на негово место доаѓа Маркус Катнер.
На 21 декември минатата година со 8 годишна суспензија се соочија Сеп Блатер и Мишел Платини.