Наместо во нов клуб во летниот преоден рок, Самуел Ето би можел да заврши во затвор.
Обвинет е од поранешната девојка Хелен Натали Коа дека ги објавил нејзините експлицитни фотографии на интернет. Во позадина на целата приказна, како пренесува англискиот Сан, стои сума од 300 илјади евра, пари кои Ето и ги дал на Коа за отворање на хуманитарна агенција.
Откако не било јасно каде завршиле парите, Ето минатиот мај покренал тужба против неа, по што Коа одлежа неколку дена во притвор.
Нешто подоцна Ето решил и да и се одмазди со тоа што ги објавил нејзините голи фотографии.
„Ова е смислена уцена. Сака да ми изнуди пари и затоа е целата приказна“ - изјавил Ето за новинарите во својата земја.
Од друга страна, одбраната на поранешната девојка на Ето вели дека истрагата е во тек и дека е ангажиран тим кој работи на случајот да докаже дека само Ето ги поседувал фотографиите.
Во меѓувреме излезе и веста по која извесен Фали Ипупа, познат рапер од Конго и поранешно момче на Коа, би можел да е човекот што ги објавил фотографиите на интернет.