Ако некој не ја прочитал приказната за човекот кој 40 години работи во Наполи, тогаш може да клизне и да помисли дека ова е вистинска фотка од тренинг центарот на Јувентус.
Прво, ниту Сари го има одржано првиот тренинг со Јуве, а второ ниту зелените дресови им се баш вакви марули.
Човекот на фотката е Томазо Стараче кој го вари најубавото еспресо во Наполи без кое Сари не почнувал тренинг, а муабетот кој го измислуваат Бугари на Фејсбук со овие намонтирани дресови, оди вака:
- Кој е тука најбрз фудбалер?
- Даглас Коста.
- Епа ајде трк да оди по цигари.
60 годишниот стратег кој по само една година работа во Премиер лигата го напушти Челси и се реши за друг голем предизвик, вчера стаса во Торино, а денес имаше промотивна прес конференција.
Sarri checks into JTC ⚪⚫#WelcomeSarri pic.twitter.com/GGG205xgb9
— JuventusFC (@juventusfcen) June 19, 2019