Телма на 9 декември прослави 28 години од формирањето, а кога ќе се спомене Телма, тоа не асоцира на Серија А и оние златни и никогаш недораскажани времиња од италијанско кое го коментираа Бранко Илиевски и Зоран Димевски, а подоцна и Стево Костовски. Ретрото сакаше да налетаме на еврогол од мега дуел меѓу Рома и Јувентус од сезоната 2009/2010.