Во Македонија се играше со две топки, во Танзанија тренерот се соблече по гаќи, а во Австрија играч почна да се жали од судијата пред камера и тоа на сред меч.
Необичната ситуација се случи откако фудбалерот на Волфсбергер, Марио Лајтбег се доближи до камера и го направи следниов муабет:
„Ве молам кажете му на судијата дека едноставно е лош. Не може да е ова вистина. Навистина ве молам“.
Инаку Волфсбергер е четврти на табела и загуби 2:0 од последнопласираниот тим Сваровски Тирол.