Прва асоцијација кога ја гледате сликава со кафезов е дека ова можеби е некоја трибина, ама не за навивачи, туку за затвореници кои имаат привилегија да одат на стадион.
Епа не е така. Тоа е гостинскиот сектор на клубот Ингулец од Украина. Јакото е што ова мало клупче е формирано во 2013-та и до скоро имал аматерски статус, а најјакото е што има шанси следна сезона да игра во Лига Европа и тоа директ во групна фаза.
Во среда на 15 мај Ингулец ќе игра во финалето на Купот на Украина против Шахтјор Доњецк. Wow. Им треба сензација против 11 кратниот украински првак за да стигнат во Европа, што би било изненадување на векот.
This is the away section at the ground of Ukrainian side FC Inhulets Petrove 😳
— 32Red (@32Red) May 9, 2019
If they win the Ukrainian Cup final next week, they’ll go straight into the group stage of the Europa League next season. pic.twitter.com/rJYEm1l38n
Стадионот им собира 1.720 гледачи, ако воопшто ова може да се нарече стадион. Ние би рекле помошно игралиште.
Исти ѓаол е и во полска втора лига