Off Topic

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Изјава на еден воен злосторник

Бен Гвир и Смотрич важат за најрадикалните министри во владата на Нетанјаху (не дека другите се нешто многу поумеерни, види како размислува министерката за социјална еднаквост). Бен Гвир го знаеме како тормозеше луѓе од флотилата за Газа (овде), отвораше шампањ и носеше значка во облик на бесилка кога се воведе смртна казна за Палестинци (овде), повикуваше Евреи да го населат јужен Либан (овде)...

Топката која го уби фер-плејот

Новата генерација фудбалски топки, опремени со сензори и постојан пренос на податоци, го менува начинот на кој се гледа и се суди фудбалот. „Трионда“ не само што мери допир, брзина и траекторија, туку и го намалува просторот за човечка грешка - и интуиција. Ако не па, и играчите да ги опремиме со сензори за еден ден полесно да ги замениме со роботи.

Како проаѓа жена во саудиска реклама

Рекламата е за мало семејно базенче. Оригиналната сток фотографија е со среќно и природно разголено семејство во него. Но, во финалната верзија голите торза на таткото и децата се обојуваат а најсаудиски минува мајката. Некако надуено.

Природата враќа

Посебно ако пробуваш со трактор со отворена кабина да собориш дрво.

Британија достоинствено пред избори

Суптилноста во наклонетоста кон својата опција на едни од најголемите британски весници на денот на изборите.

Морковите, кокошкиното слепило и воената пропаганда

Една од особините кои им се припишуваат на морковите е дека можат импресивно да го подобрат видот, особено ноќе. Но, ако страдате од кокошкино слепило а спас гледате во морковите, нема да се изнагледате. Приказната за оваа раширена легенда нè води до пропагандата од Втората светска војна.

Зошто копчињата на машките кошули се од десно?

Причината за тоа има врска со оружјето. А ако сте горди на својата ненаоруженост, тогаш носете го барем својот мобилен на лева страна.

Посматрање новинари што го слушаат портпаролот на Трамп

Ова може да е и олимписки спорт, со оценки за поглед, вртење со очи и слични демонстрации на неверување на сопствени сетила.

Како CNN прави сценографија за своите вести

„Го фативме CNN како прават лажни вести“, пиша на Твитер независниот новинар и филмаџија Мајк Церновиќ објавувајќи снимка од граѓанин кој уловил како новинар си ја мести сцената (ко за сликање за свадба) пред да се вклучи во програма. Донеле пар луѓе кои треба да глумат „мировно здружение“, се местат пригодни транспаренти и цвеќе, белите полицајци се тргаат за на нивно место да дојдат црни и азијатски колеги и - одиме во живо!

Што ги прави работите да се кул?

Еден од најбитните индустриски инженери на 20-от век има развиено теорија која подоцна ја потврдува и науката. Работите треба да се нови ама не премногу, бидејќи премногу ново знае да ги уплаши луѓето. Тајната во во акронимот MAYA - Most Advanced Yet Acceptable.

Карлин за зборовите

Зборовите се неутрални и невини, она што ги прави опасни е контекстот во кој се кажани и намерата со која се изречени. Патем, знаете ли дека англискиот збор „nice“ на времето значел глуп?

Каде сите грешат околу хероинот

Разбивање на неколку митови за хероин, од човек што подолго време бил интимно близок со хероинот. Што е најопасно (кога веќе си решил да се дрогираш)? Некој да ти даде посилен хероин отколку што си навикнат.

Што знае бразилска туристка што е бугарски претседател

Бразилка во Бугарија некако завршува на некоја прослава во селото Блгари. Во исто време таму да ти е и некој човек што цело време сите го сликаат, камери го снимаат и шета со обезбедување. Би било глупо да се пропушти шанса за сликање со човекот.

Репортажен камион од 20 милиони долари

Служи за преноси во живо од мега-спортски или какви било други спектакли што можат да си дозволат да го ангажираат. Работата му е да се појави на локација, да го направи преносот, да се спакува и си оди. Внатре изгледа вонзејмански и како стварно да вреди 20 милиони долари.

Здружение на граѓани "Втора шанса"

Компилација од неколку ситуации кои по сета веројатност требаа да бидат последните моменти на овие ликови, најчесто не по нивна вина, ама добија втора шанса.

Утрински хорор на работно место

Вака би изгледал почетокот на работниот ден од нашите најлоши кошмари. На сета сабајлечка накурченост и нерасонетост, да ти дојдат неколку идиоти за со мотивациска песна да ти го дигаат работниот елан. Стануваш и ги дигаш на клоци.

Како Фејсбук делува на мозокот

Разговор во реален живот нема "едит", што си кажал тоа е. Разговорот преку сè што моментално користиме (пораки, мејлови, твитови, статуси) е уредуван за да нè прикаже нас во најдоброто светло. И потоа работите почнуваат да одат на полошо.

Како од ова стигнаа до Трамп?

Џони Кеш за првпат пред публика изведува нова песна. Ни помалку ни повeќе туку Man in Black, пред да биде објавена на албум. Малку контекст: годината е 1971, виетнамската војна е во полн ек, млади војници на големо се враќаат дома во ковчези. А Кеш, ладен како надгробна плоча, на студентиве им раскажува зошто носи црно. Нема појако.

Родители и рози

Овде мајка се радува што се укинало екстерно, или што детето си одбрало баш фино комплетче за полу-матура. А мајка може и на поинакви работи да се радува. На пример, ако таткото освои карти за концерт на Ганс енд Роузис.

Боемска, ни рапсодија ни улица

Се работи за песната Боемска рапсодија од Квин, ама претворена во филмска сцена. Иако тоа звучи како малку лигава идеја, резултатот е доста уверлив (ок, освен кога џандарот вика: Скарамуш! Скарамуш!). Сега едвај ќе чекаме +18 филмска верзија на „Остани во мене“ од Калиопи.

Ајфон 7 вс. камера од 100.000 долари

Ајфон е уредот кој сними неброени селфиња, снапчатови и инста-сторија. Алекса е камерата што ги сними Логан, Волкот од Вол стрит, Авенџерс, Ент-мен, Пристигнување, Лудиот Макс, Сикарио, Повратник, Игра на тронови и стотици други. Првиот чини нешто помалку од 1.000 долари, вториот околу 100.000 долари во зависност од опциите. Ова е споредба на двете.

Кинески Бадвајзер

И тоа има, фејк Бадвајзер во лименка. И не знаеш што е полошо, тоа што е лажњак или како го полнат.

Уста широко затворена

Ова е неверојатно. Неверојатно затоа што Американски идол уште трае, и уште поневеројатно што глас извади девојчево со затворена уста.

Лекција по наука за сечие незнаење

КРИСПР е нешто многу јако во науката и еден од најсериозните кандидати за некоја од скорешните Нобелови награди за хемија. За да не мора да трпите наши објаснувања, сè друго околу КРИСПР ќе ви објасни Навил Санџана, биолог од Универзитетот на Њујорк. Ама ќе ви објасни и како на дете, и како на тинејџер, и како на студент, дипломиран и како на експерт. Едно од овие ќе го разберете.

Модата во руските метроа

Порано вакви фото галерии беа резервирани за њујоршките метроа но Русија одамна излезе од комунистичката униформираност и се распрсна во сите можни стилски правци. Само кај нас уште се чудат луѓе ако некој има поинаква фризура од вообичаените.

После 27 години - Хаустор

Пет нивни песни од 1990 година досега биле во фиока а кога и да е, доаѓа време да се зачистат фиоките. Една од песните кои ќе се најдат на албумот „Досетливи мали чудаци“.