Зезалици

Крајот на сите филмови

Хипотезата е дека "Walk of life" од Дајр Стрејст е совршен крај за кој било филм, без разлика на жанр, период и глумци. Нормално, тој што ја поставил хипотезата фатил и да ја тестира.

Каде се бушоните од ФБ?

Веќе имавме еден регионално- православен повод за ваков крик но глобалната Фејсбук каца е поширока па да загребеме и надвор, со една збирка постови од луѓе какви што не мораше да знаеме дека постојат.   

Шенген, дур го има

Шенгенскиот договор во 1985 година ги избриша границите меѓу земјите, што е веројатно најубавата придобивка од европската заедница, заедно со заедничката валута. И како никогаш досега таа придобивка не била во опасност да се изгуби како сега, под притисок на мигрантската криза. Фотографот Валерио Винченцо со серијата "Borderline, Frontiers of Peace" решава да покаже како тоа изгледа, да не биде некому жал дури откако тоа ќе го изгуби.

10 работи за кои не знаевте дека ги измислиле жени

На жената не може да ѝ се препише само измислувањето на главоболката како метод за сексуална апстиненција. Таа има создадено многу практични работи кои секојдневно ги користиме. Моторна пила, на пример, е класичен женски изум. Мажот нека продолжи да се секира.

Искрен оглас на денот

Се продава Фолксваген Лупо 1,3 со пројдени 192.000 километри. Произведен 2000-та. Го возела жената на авторот, а го купил од колегата шупак.

Плејбој, постхумно

Кога некој ќе замине, остануваат блиските да се сеќаваат на нивните дела. Откако Плејбој реши да ја упокои голотијата, ние ужалените решивме да ги собереме сите - ама баш сите - одбрани убавици, кога било објавени на страните на овој магазин.

Пар работи за богатството на Ворен Бафет

Не само што богатството на Ворен Бафет е импресивно туку е уште поимпресивно колку долго тој успева да ја победи берзата. Во 43 од 46 години тој и неговата компанија е подобра од индексот S&P 500. И затоа денес неговиот новчаник изгледа вака.   

Плочата на Светлана Миљуш го освои Слеш

Во многу наврати сме ја споделувале нашата одушевеност од дизајнот на старите екс југословенски плочи (види ги препораките за Стевче). А веќе не сме сами, во бандата фанови се придружува и Слеш.

Непомирените

Кратка фото галерија од мажи кои не можат да се помират со фактот дека немаат коса ко некогаш. Па пробуваат да го маскираат проблемот со таканаречени "coast to coast" и слични досетки од фризури. И онда се гледа во огледало и вика, е сега е добро!

Мапа на неглавни главни градови

Постојат официјални градови на држави, но има и тн. „светски главни градови" кои се славни или озлогласени заради некој производ или обичај.

Апелот и програмата на Светланка

Од архивите на нашите минати веб животи вадиме еден прастар (уште марките се во игра) но очуван текст во кој се нудат шарени решенија за излез од кризата. Тогаш се мислевме многу паметни и не ја послушавме Светланка. И еве нè сега до каде сме. 

Илјада причини за рај

Извадок од непишаната автобиографија, заглавие "Како не станав вегетаријанец". П.С. немој да го лижете екранот, не изгледа фино кога ве гледа човек од страна.

Споменици и луѓе

Лесно е да се заебаваш со споменици кога тие имаат нормална димензија. Оди качи се на коњон наш да те видам.

Број им ги парите на милијадерите

Ти седиш и гледаш, а пред тебе се врти приходот и профитот на најголемите и најбогатите комапнии. Почнува од нула, и за десет секунди, Епл има приходи од 54.190 долари, од кои 11.740 се профит.

Сообраќаен знак на денот

Во Стокхолм, Шведска, знак за опасност: Наидување на пешаци кои зјапаат во своите мобилни (се одговара како за луѓе).

Патувавме, патувавме, до Париз

Котори Кавашима е јапонски фотограф кој одлучува да прави репортажа за патувањето од едно село во Јапонија до Париз. Главен лик во репортажата е 4-годишната ќерка на еден негов пријател и како таа го открива светот надвор од нејзиното село. Ова се дел од сликите од книгата од патувањето што ја објавува Кавашима - Mirai Chan.