Новинари на Блумберг патуваат за Египет за на лице место да разговараат со властите што го управуваат каналот и да видат што се случува, а дополнително разговараат и со луѓе кои долги години се во бродскиот превоз.
Опишувајќи секакви проблеми во работата на надлежните на Суез, од барање мито (цигари, чоколади и сл.) до пречки во комуникација заради зборување само на арапски јазик, новинарите на Блумберг стигнуваат до една верзија во која главната вина паѓа на египетските пилоти (луѓето од агенцијата надлежна за Суецкиот канал што помагаат во навигирање на бродовите).
И според оваа верзија дента имало силен ветер, но и двајцата пилоти задолжени за Евергивен имале спротивставени гледишта за тоа како бродот да го мине каналот.
Кога се насукува на брегот бродот удира со таква брзина што навлегува 6 до 7 метри.