Изгубени во Јутјубот

Луѓе со фетиш за чистење туѓи куќи

Да не знаеш што е потешко да разбереш дали случаите на луѓе што живеат во куќи од кои прекипува ѓубре и отпад, или луѓе што се желни да ги исчистат истите овие куќи.

Во овие случаи веќе не станува збор за обична мрза и аљкавост туку или за депресија или за компулсивно собирање работи што исто така клинички се води како проблем со ментално здравје. Кога не е во прашање менталното здравје обично станува збор за ситуација во која стари и изнемоштени лица се оставени сами да се грижат за себе или немаат никој близок кој би им помогнал.

Кога ќе се обидат да објаснат, главното објаснување на луѓето им е „не знам како дојдов до тука“ или „еден ден се разбудив и немав каде да седнам“.

Некои од видеата ќе изгледаат како да можеш да фатиш вошки од гледање, а не па да си таму.


Бонус: Чистење слично упропастени автомобили

29 октомври 2021 - 16:19