Како Тајсон го одмазди Мухамед Али

Лари Холмс вс. Мухамед Али е претпоследната борба во кариерата на Али и еден од неговите најтешки порази, кој се случува во време кога тој почнува да ги покажува првите симптоми на Паркинсон. По поразот Али се слуша телефонски со Кас Дамато, кој во тоа време тренира едно 14-годишно момче по име Мајк Тајсон.

Во разговорот на кратко се слушаат и Тајсон и Али, а Тајсон му ветува дека кога ќе порасне го порази Холмс за него.

Осум години подоцна, навистина се случува борба меѓу тогаш ѕверски разјарениот Тајсон и Холмс кој е во поодминати (боксерски) години. Пред почетокот на борбата во рингот влегува Али за да го потсети Тајсон што му ветил пред 8 години.

 

13 декември 2022 - 13:51