Зошто толку многу Корејки одбиваат да се мажат и да раѓаат?

Јужна Кореја се наоѓа во сред сериозна родова војна без знаци за решение во скоро време.

Непријателството меѓу мажите и жените во Кореја има достигнато досега невидени нивоа, водејќи до феномен познат како „Движење 4Б“, каде што жените веќе одбиваат да излегуваат, да се мажат и да имаат деца. Ова има далекусежни импликации на корејското општество и се влошува сè повеќе, а е многу комплексно.

Во 2010 во Кореја се појави десничарски сајт кој охрабруваше мизогинија и привлекуваше корисници кои пропагираа вулгарни постови за жените. Како одговор на тоа, една година подоцна се појави екстремистичка, феминистичка група со име Мегалија, со цел да се бори против Корејските мажи наапани да омаловажуваат жени. Ова се влоши кога се појави маж кој уби случајна жена во јавен тоалет „за да покаже колку мрази жени“. Инцидентот ја интензивираше поделбата, а феминистите ги обвинуваа и оние што тврдеа дека се работи за изолиран случај со ментално болна индивидуа.

Еден од поалармантните аспекти на оваа родова војна е порастот на дигитални сексуални напади - понова форма на сексуално насилство помогната од технологијата. Има примери како порно за одмазда, снимање под сукња, користење на скриени камери кои снимаат жени без нивна дозвола - само во 2018 имало 2289 пријави, кои во 2021 стигнале до неверојатна бројка од 10.353. Ова не може да се должи само на пријавените - голем број луѓе сметаат дека коренот на проблемот лежи во владата и долгата историја на „родово граѓанство“ оформена од владините политики.

Дигиталните сексуални напади не се само во Кореја туку се глобален проблем. Во САД на пример, многу ученици признаваат дека се жртви, или дека сведочеле на дигитален секс-криминал, а со оглед на уникатните културолошки контексти во секоја земја во светот, сè уште не може да се дојде до само едно решение за проблемот.

22 мај 2023 - 01:42