Кога гледаш мало животинче како се занимава, како никогаш да не си сретнал нешто поразорувачки прекрасно во животот, вели воведот на ТЕД презентацијата на овој феномен. Но, истовремено се појавува конфликтен нагон да го стиснеш или да го згмечиш животинчето ли, детето ли, што и да е тоа што така мило си брка работа, несвесно за твојата љубов, дури и да го напикаш во уста од што е слатко. На што може да се должи ова?