Но, патолошки лажго „често лаже без причина, без јасна придобивка“, вели Амон, забележувајќи дека тие лаги се и често грандиозни и претерани. Патолошките лажговци одлично раскажуваат приказни и знаат и да си поверуваат во лагите. Со ова може и да се претера до неповрат, како што покажува и едно истражување - колку повеќе луѓето кажуваат лаги што им одговараат, толку полесно станува постојано да лажеш како резултат на промените во мозокот.
Не е секогаш јасна причината зошто некој почнува патолошки да лаже, но се знае дека ваквите луѓе се често незрели. Имаат неразвиени когнитивни способности, како на пример низок степен на интелигенција и често имаат развиено и социопатија до одреден степен, што значи дека имаат дефицит на следење, разбирање и препознавање на социјалните норми на однесување. Овие услови може да се развијат поради трауми од детството, лоши родители и лоша општествена средина каде што лажењето значело и преживување понекогаш.
Некои страдаат и од ниска самодоверба, па лажат во обид да се чувствуваат позадоволни од самите себе, или другите да ги доживеат попозитивно.
Патолошкото лажење може да биде и знак на ментално нарушување - често се поврзува со нарцисоидно нарушување на личноста, антисоцијално нарушување и гранично нарушување на личноста.
Знаците вклучуваат раскажување приказни, или претходни достигнувања што се често претерани, нелогични или едноставно невозможни; раскажаното може и да се промени кога некој ќе потпраша нешто; раскажувачот е дефанзивен, или избегнува да одговори на прашања за приказната.
Пример за тоа е кога користат многу објаснувања, зборови и детали и едноставно „ги преземаат“ настаните. Дури и да сте учествувале во настанот што го раскажува патолошкиот лажго, станувате небитни кога тој раскажува, а раскажува како да бил центар на целото случување. Уште почудно станува кога ќе почнат да лажат за неважни и мали работи.
Но, доколку предизвикувачкиот фактор се открие, лажгото може да се лечи со терапија и да ги намали навиките за лажење, бидејќи тоа може да му влијае негативно на односите со луѓето, на работата, па дури да предизвика и правни импликации.