Неполни три години подоцна, Ана Франк се среќава со својот тажен крај, но ѝ се остварува барем една желба:
„Моја најдрага Кити,
Не сакам да сум живеела залудно, како повеќето луѓе. Сакам да бидам корисна, или да им носам радост на сите луѓе, дури и на оние што никогаш не сум ги сретнала. Сакам да продолжам да живеам дури и по мојата смрт! И затоа му благодарам на Бога што ми ја дал оваа дарба, што можам да ја искористам да се развијам и да изразам сѐ што е во мене!“