Живот во контејнер

Не, не е метафора, човеков стварно живее во контејнер.

28-годишниот Харисон Маршал плаќа 62 долари месечно за да живее во контејнер што го изградил за 5000 долари. Да ѕирнеме (и да видиме зошто не).

Минатиот октомври се вратив во Лондон откако работев во Централна Америка и Југоисточна Азија. Не беше лесно да се најде стан со мал буџет - просечната цена на стан со една спална во јужен Лондон беше околу 1850 долари месечно, што е повеќе од 75% од мојот приход како архитект-дизајнер.

На 28, имам цел да заштедам доволно за да купам куќа еден ден, но не сакав да се селам во предградијата, па почнав да ја разгледувам опцијата да живеам во контејнер.

Една добротворна организација за уметност му ја слуша идејата и му овозможува празна парцела во Саутварк за да си ја стави „куќата“. Сега базата за контејнерот ја рента за 62 долари, иако сè уште не му наплатаиле.

Изградбата ја почнал во декември 2022 и траела три недели. Имал искуство од претходни проекти, па сè му било јасно, а повремено доаѓале и пријатели да му помогнат.

Го чинело околу 5000 долари, или:

  • градежни материјали: 4620
  • мебел за внатре: 380

Симпатично, нели?

Не.

Еве зошто:

И уште една причина:

„Со позитивните и негативните страни, си го претворив станбеното прашање во уметничко дело,“ вели Маршал. „Фрла светлина на апсурдноста на кризата со недвижности во Лондон и ги тера луѓето да се насмевнат и да размислат потоа.“

А ако ви светнаа очите и покрај „бањата“, вели вака:

„Уникатно искуство е и благодарен сум што беше спонзорирано. Но, не препорачувам да се копира. Се надевам дека наскоро ќе можам да се отселам, но сигурно нема да го заменам за трошење на заштедата и мала, влажна соба. Чудно е, но удобно.“

16 јуни 2023 - 00:00