Уште ли сте за фриленсерски живот?

После карантинот, во Медиум-излагање, една девојка принудена да работи од дома се прашува дали фриленсерската работа е толку добра колку што ја рекламираат самите фриленсери.

Веќе над три месеци работам од дома и комплетно ми се менува идејата за она што мислев дека сакам да ми се случува во иднина. Сега хот-дескинг и кафичи ми се апсолутен кошмар за работа. Одеднаш почнав да копнеам по џагорот на една канцеларија, каде еден истура кафе, а друг раскажува за дејтот од претходната вечер. Дури и гужвата во превоз ми создава пеперутки од возбуда. Не сум мислела дека ќе го кажам ова, ама ми недостасува да ме очекуваат некаде во одредено време.

Изолацијата дома ме тера уште повеќе да ги ценам повиците на Зум. Тие 45 секунди неважен муабет со колега или колешка додека чекаме другите да се вклучат се единствено нешто што прави да се чувствувам како човек во овие осамени времиња. Тоа што морам да бидам продуктивна во непродуктивна средина е предизвик кој на повеќето не им текна дека може да дојде. Без разлика колку сте си ја дотерале „домашната канцеларија“, ништо не ја заменува атмосферата на соба полна со луѓе.

Колеги. Лицата што ги гледаш секој ден. Што ти ја памтат фацата кога маж ти ти пратил слика од пелената на син ти на сред состанок. Лицата чии вилици паѓаат до земја кога истата слика оди на видео-бим. Делите сѐ. Дури и кога сте во гомна.

Да имаш место каде што очекуваат да се појавиш ти дава чувство на корисност.

Мојата цимерка има фантастична работа како графички дизајнер во еден од големите таблоиди во срцето на Лондон. Иако 25-годишна, цело друштво ѝ завидува. Плус, води феминистички бизнис за графички дизајн со наслов „Мис Глорија Дизајн“ на страна. Секогаш се надевала дека еден ден ќе даде отказ и ќе го работи тоа што го сака фул-тајм. Дури и во локдаун, бизнисот ѝ цвета, но пред некој ден кажа нешто што истовремено ме шокираше и сфатив дека се пронаоѓам.

Не верува дека идејата да ја напушти работата некогаш повторно ќе ѝ падне на памет. Можноста да работи на другиот бизнис штом ќе дојде крај на работно време значи дека се чувствува како константно да е на работа. Нема начин да се направи разлика меѓу двата животи. Човек може само да замисли на што личи ова кога има и семејство во целата слика.

Идејата да имаме толку време на располагање ни ја оддалечува желбата да работиме на нешта за кои обично едвај наоѓаме време. Мрза. Другарка ми вели дека да може, уште утредента ќе оди на работа.

Фриленсерството и стартап-културата го освоија светот и на миленијалците им се кариера од соништата. Во моментов во Америка има 57 милиони фриленсери и се предвидува дека ќе бидат  80% од глобалната работна сила до 2030. Со вакви статистики, личи на најлукративен потег што може да се направи, а и слободата доаѓа со него. Но, по која цена? Ако имаш 20-тина години, тогаш е сон. Фриленсерството ти дава слобода да патуваш низ светот додека се издржуваш. Но, на долги патеки, сега гледаме од прилика како е. А мене идејата сѐ помалку ми се допаѓа. Таа изолација кога работиш сам, опкружен со луѓе што работат сами ја нема таа привлечност. Копнеам за чувство на заедништво и можеби ова одложување само значи дека фриленсерството може да е спореден бизнис наместо комплетна транзиција за мене. Често за нашите „9-5“ работи викаме дека се сигурна, но досадна верзија на вработување. А всушност тоа ни дава најмногу живот. Мене на пример, ми даде дечко и најблиски пријатели. Во моментов, дури и се радувам на пијачките закажани во четврток во еден грозен паб во близина. Да се сопнуваш рака под рака со менаџерот пред полноќ, а преку ден мислиш дека те мрази.

Се разбира, има позитивни и негативни страни и на двата начини на работење.

Ова време дозволува да размислиме и да почнеме да ги цениме врските и успесите за време на работната недела. Да имаш место каде што те очекуваат те тера да се чувствуваш корисен. Да го изгубиш тоа, значи да добиеш слобода што не си ја искусил. А можеби и само се учиме да се справиме и со тоа. Сепак сѐ е навика.

17 јуни 2020 - 06:00