Uitwaaien: Едноставниот холандски лек за стрес

Оутвајен е популарна активност во Амстердам, за која се верува дека носи важни психолошки придобивки.

Во Холандија, луѓето си наоѓале занимација со физичка активност на ветровито време во последниве сто години. Денес, оваа пракса се вика оутвајен и кај нас има совршен превод - да се издуваш. Кејтлин Мејер, предавач на катедрата за холандска лингвистика на Амстердамскиот универзитет објаснува: „Во основа се работи за поминување време на ветер, обично со пешачење или возење велосипед.“ Мејер живее во Холандија повеќе од 20 години и е специјалист за јазикот и покрај тоа што не е роден говорител. Таа вели дека оутвајен е популарно каде што живее таа и се верува дека позитивно влијае на психата. „Оутвајен е нешто што го правиш за да си го прочистиш умот и да се освежиш - надвор оди лошиот воздух, а влегува добриот. Се смета за пријатно, лесно и опуштачко искуство - еден начин да го намалиш стресот од секојдневието.“

Сè повеќе докази укажуваат на тоа дека холанѓаните имаат нешто убодено - Џулс Прити, професор по екологија и општество на универзитетот во Есекс, во последниве 15 години истражува на кои сè начини активностите на отворено влијаат на човечката психологија и вели дека се подобрува психичката состојба со само пет минути во природа. Си вредиш повеќе, порасположен си и ти се засилува чувството на идентитет. И многу други истражувачи имаат стигнато до сличен резултат - јапонски научници на пример, дознаваат дека фитонцидите, антибактериски и антимикробски сусптанци што ги ослободуваат дрвјата и другите растенија во воздухот, помагаат во борбата со болести и штетни организми. Кога луѓето ги вдишуваат - со поминување време во природа - им се подобрува здравјето, поточно, фитонцидите го зајакнуваат имунитетот, го зголемуваат производството на антиканцер протеини, ги намалуваат хормоните на стресот, го подобруваат расположението и на крај - им помагаат на луѓето да се опуштат.

Прити вели:

„Каков и да ви е животниот стил, погледнете си го распоредот и запрашајте се: Како можам да вметнам мали количини изложување на природа?“

Умот и телото ќе ви бидат благодарни.

12 јуни 2023 - 23:23