Туш за спуштени капаци

Видеово е гејм-чејнџер. Девојката е секако за следење, сите видеа ѝ се интересни и сите се корисни, ама ако сте од оние што го влечат капакот со прст и така цртаат со туш (или нанесуваат црно со четка), почекајте малку. Има и друг начин.

Ако „маката“ ви е спуштени капаци, значи пребарување видеа со hooded eyes ви е веќе познато. И ако не сте ја сретнале Александра Анел до сега - повелете и друг пат.

Што ако, замисли, се погледнеш во огледало директно во очи, и без да мижиш и без да влечеш ништо, едноставно го нанесеш тушот?

 

15 јануари 2023 - 20:25