Ако продолжат летата вака неподносливо во Македонија, може ќе треба да почнеме најплеменски да ја славиме есента како сезона во која конечно можеш да ја извадиш главата низ врата, да отвориш прозор и да не биде секое парче облека на тебе Ѓаволот.
На прашањето „што ќе се носи во сезоните што следат“, сите дизајнери одговараат различно. Она што може да се извлече:
Креативно плетено:
Полека излегување од „нешто за по дома“, но задржување на удобноста. Ова го имаше и лани, само без делот со „излегувањето“. Наскоро луѓето ќе посакаат повторно да се дотераат.
Доаѓа и нешто што може да се објасни како уредна школска униформа, ама за возрасни. Значи не зборуваме за крпчиња што личат на униформа извадени од еротски фантазии, зборуваме за elevated, висока мода-правец со преголеми сакоа, сукњи и кошули.
Тон врз тон - досега во иста боја имавме 2-3 парчиња од тие 7-8 што ги носиме. Е сега, и чевли и капут и ташна и блуза и панталони и аксесоари - иста боја. Сосема ново ниво на монохроматско. Тие што имате модна капсула само во една боја - дојде вашето време - можете да носите една боја, а да комбинирате текстури.
Панталоните добиваат апдејт. Зимската гардероба макар што е за во град, почнува да личи како за на планина. И на крај - оживување на Y2K. Забележавте како полека ни се појавуваат (враќаат) чевли на платформа пред очи?