Тајната на Ешли Греам

Тајната е инаку на тема „како да останеш нормална кога дома ти трчаат три деца“ и на прв поглед звучи тешко, ама изгледа и се исплати.

Како да добиеш неколку моменти зен во текот на денот, евангелие по Ешли Греам?

„Гледам да се разбудам пред децата за да добијам малку време за себе. Мислам дека тоа навистина му дава правец на денот.“

Објаснува дека децата стануваат околу 7, па таа мести аларм во 6:15.

„Пијам кафе, вежбам малку јога… И едноставно сум сама, без разлика дали медитирам, или читам Библија - тоа што ми треба во моментот. Не се држам до режим, или да мора истото секој ден, и тоа ми помага со менталното здравје.“

Се разбира, идејата да станеш порано од децата е тешка за прифаќање, но самата помисла дека ќе добиеш половина час (па и повеќе) дневно само за себе? Многу нови родители ќе се согласат дека звучи прекрасно.

20 септември 2022 - 00:01