Стан во зградата на Ени Хол

„Знаеш дека зградава е на Ени Хол,” набрзинка се пофалува Каролина фон Хамболт. Кај нејзе е новинарка од The Cut, и седат во нејзината канцеларија (фон Хамболт е дизајнерка на ентериер) во таа зграда, и просто природно се наместени нештата за човек што работи со ентериер да биде сместен баш под терасата на која Вуди Ален ја направи онаа финта со зборување едно, а доле титл, на истиот јазик со „што всушност се мисли”.

„Мислам дека Дајен Китон е многу забавна, ама немам ништо заедничко со нејзе.” Станот на Ени Хол е еден кат над нејзината канцеларија и Хамболт е еднакво директна во однос на тоа што сака да има дома: „Класични пропорции и мазни рабови; не премногу перничиња,” вели таа. „Но мора да биде удобен. И не сакам трендови.”

А сепак, патеката до внатрешниот дизајн не ѝ била толку директна: дизајнирала текстил за Д. Порхолт, па се бавела со манекенство. Сега, заедно со живеалиштата на кои работи, ги декорирала и канцелариите на Есте Лодер во Париз и Билбоке рестораните во Њујорк и Атланта. Во моментот работи на уште еден Билбоке во Денвер и дизајнот го опишува како „француско бистро, со еден дежа ву момент што ти вика дека отсекогаш си доаѓал тука.” Истото може да се каже и за нејзиниот стан.

„Еден од клиентите на некого му рече, ‘Каролина ти го прави станот да ти изгледа како секогаш да си живеел таму.’ Мора да дава впечаток дека си влегол таму лесно и едноставно - како во haute couture фустан. Треба беспрекорно да ти прилега, но ако не е совршено изработен, едноставно нема да ти стои.”

29 јуни 2018 - 12:07