И вака одеше тоа на нивниот Твитер:
„Одлуката дали ќе родат дете е централна во животот на луѓето, на нивната добросостојба и достоинство. Кога владата им ја контролира таа одлука на луѓето, ги третира како помалку од возрасни човечки суштества, одговорни за нивните избори.“
Проблемот е што цитатот не е точен, и Гинсбург се нема изразено вака. Реалниот коментар за абортусот од 1993 е:
„Одлуката дали ќе роди дете е централна во животот на една жена, на нејзината добросостојба и достоинство. Кога владата ја контролира таа одлука на жените, значи ги третира како помалку од возрасни луѓе одговорни за нивните избори.“
И содржеше уште еден ред, веројатно најважен:
„Ако наметнувате забрани што го нарушуваат нејзиниот избор, ѝ ги одземате можностите заради нејзиниот пол.“
Од фондацијата бираат да не ја додадат и оваа реченица за цитирање од очигледни причини.
Инаку, ACLU треба да е најголемиот бранител на слободите во Америка, што значи треба да ја брани и слободата на говор - а сепак се вплеткува во Орвеловски корекции на наводно проблематични зборови од пред 30 години, коментира Брендан О‘Нил. И додава дека највознемирувачко од целата глупост на фондацијата е бришењето на полот. Не само што не ја цитираат Гинсбург во целост, дека рестрикциите на абортусот претставуваат притисок врз жените врз основа на пол, туку одбиваат да користат било каков јазик што укажува дека постои пол.
Ова ни покажува дека јавниот живот во 21 век има сериозен проблем: тиранијата на родот ја узурпира реалноста и јазикот на женскоста. Трансродовата идеологија и нејзиното некритичко прифаќање од страна на толку многу политички и културни институции доведе до отфрлање на постарите идеи за права врз база на пол. За пост-научната, релативистичка идеја за полот како нешто што се бира - за маж да стане жена со едноставно изјавување дека е жена и како таа идеја ги замаглува дистинкциите меѓу половите и способноста да зборуваме зошто се понекогаш важни.
Битката за право на абортус е за проширување на слободата на индивидуата наспроти моќта на државата. Затоа и во Ро в Вејд се работи главно за приватност - затоа што се работи за држење на наметнатиот морализам на официјалност понастрана од женските животи и одлуки. Како контраст, транс активизмот, како и голем дел од идентитетските политики, е за канење на државата слободно да влезе. Сакаат валидација, не сакаат слобода. Препознавање, не приватност. Афирмација, не автономија.
Ова ја менува целата природа на прогресивните политики. Тоа што едно време беше загриженост со обезбедување на правата што им се потребни на луѓето да носат животни одлуки, денес е за барање сите од држава до индивидуа да признаат како јас се чувствувам, да мислат на моите грижи, на мојата себеидентификација. Едно време, жените бараа слобода да водат добар живот онака како што тие го разбираат. Во новово, транс активистите и другите сакаат авторитарност за притисок врз секого, вклучувајќи тука и клиники за абортус, да им се признае нивната слика за себе. Ова не е слобода, заклучува О‘Нил, туку умртвувачка потреба за константна автентикација од надворешни актери. Не може да е подалеку од инсистирањето на Гинсбург дека луѓето треба да бидат самите носители на одлуки за нивните животи.