Сите се на некакво „исцелување“, а никој не е нормален

Во последно време, како сите да се на некое исцелувачко патување, некое healing journey, нешто процесираат, нешто личен раст и развој, нешто внатрешен мир... И пак сите за лечење. Сите се прегорени, анксиозни и не им е арно.

Јазикот, односно изразувањето е дел од проблемот - една студија од 2025 го опишува therapy-speak, или терапевтскиот јазик како непрецизната, површна употреба на термини од областа на психотерапијата во секојдневната комуникација, особено онлајн. Се лечиме со ТикТок, а се работи за многу комплексни ситуации за некој да ги дискутира во 30-секундни содржини.

Кога ќе се употреби терминот исцелување за ситуации од напуштање лоша врска, до купување кофа протеински прав од 40 евра, веќе е јасно дека како етикета се лепи за што се стигне.

Утешна награда на современото исцелување е „да бидеш виден“. Порано ова беше „да те видат на битно место и со битни луѓе“. Сега е некој да те разбере во целост во врска со проблемите што ги имаш и да ти признае дека ги имаш. Сепак, без разлика на симпатичните, убаво измонтиранки видеа на социјалните мрежи, бројките не се така симпатични: Сè повеќе луѓе се жалат на психички проблеми, а во 2024 на пример, 43 проценти од возрасните се чувствувале поанксиозни од претходните години.

Значи, што е работата?

Онлајн културата за исцелување многу сака набрзина да лепи фластери на отворени рани и да ветува повеќе отколку што може да исполни. Ќе објави списоче, ќе раскаже приказна дека „мораш да се осознаеш“, и стварно ќе ти биде добро десетина минути, а после мораш назад во реалниот живот.

А има уште еден правец во исцелувањето и поврзан е со телото - сте ги начекале тие што лежат на душеци за јога и „ослободуваат траума“ со липање и плачење? Е па, експертите велат дека траумата стварно прави од нервниот систем, ама дека љубезно ќе го напушти телото затоа што сте се истегнале на јога-душек 90 секунди - нема.

Значи, зошто никој не е исцелен? Затоа што исцелувањето и залечувањето се третираат како карактерна особина и како производ. И затоа што не може одма, со ТикТок.

Исцелувањето е бавен и непостојан процес, на грижа до која имаш пристап, сон кој го штитиш, движење што ти прави да ти биде добро, пријателства што не бараат постојана себе-анализа и доктори што те сфаќаат сериозно. Ништо од тоа не го собира во видевце од 30 секунди, а ни нервниот систем не можеш да го импресионираш со „личниот бренд“.

26 август 2026 - 00:00