Што се носи по Лондон?

Ајде да се инспирираме малку.

Добро, еве од првата девојка на видеото можеш да се инспирираш, ама треба една доза храброст и две дози „смачено ми е од правила“ за да го изведеш тоа како што треба. Во налетов на Баленсијага-чудесии и прифатливоста на кичот, таа носи Адидас тренерка и италијански чаршав со коцки наместо сукња (сукња е, ама што ако). И чизми и накит што дизајнерски, што семеен.

Има нешто остро, ин-јор-фејс и јако во тоа кршење на сите правила грижливо оформувани со децении наназад. Ама тенка е линијата меѓу модна икона и „пушти ја, не е добра“ во денешно време.

Како и да е, да не ве лаже ѓаволот да ја пропуштите Доли на 4:40. И да видите колку богатства можат да се најдат меѓу „веќе-претходно-сакана облека“

Ни требаат повеќе Доли по улици.

8 ноември 2022 - 10:34