Што е со природните средства за сончање?

Жизел Бундхен, плус една растечка (и многу бучна) популација, инсистира дека природните средства за заштита од сонце се правата ствар. Бундхен оди до тој степен што овие досегашниве ги нарекува „отров”. Што е тогаш работата?

Ова знаеме, од прилика:

Природните средства за сончање се всушност најстариот и најрудиментарниот вид на средства. Ги дефинираат состојките, што секогаш мора да содржат или титаниум диоксид, цинк оксид или и двете. Овие состојки остануваат врз нашата кожа и баш буквално блокираат ултравиолетови зраци.

Инаку, сите средства влегуваат во две категории: природни и хемиски (синтетички). Хемиските се составени од поинакви состојки во однос на природните и ја штитат кожата на поинаков начин. За разлика од природните, хемиските дозволуваат ултравиолетовите зраци да пенетрираат во кожата, но - без да предизвикаат штета затоа што се апсорбирани од состојките во хемиското средство.

Сепак:

Истиот момент кога ќе се нанесат, природните средства инстантно ја заштитуваат кожата. Хемиските пак, од друга страна бараат околу 20 минути за да се апсорбираат, пред да можат тие да апсорбираат УВА и УВБ. Од друга страна, плус за вториве е што прават кожата да изгледа поубаво.

Се враќаме на состојките:

Агенцијата за храна и лекови има одобрено 14 хемиски активни состојки за средства за сончање. Некои од овие, како оксибензон и октиноксат се сметаат за штетни за хормоните, односно дека негативно влијаат на жлездите кои го регулираат нивото на естроген, на тироидната активност, и така натаму. Средства што содржат барем 0,5 проценти оксибензон, а се продаваат во Европска Унија, мора да содржат предупредување, како кутија цигари. Ова кај природните го нема.

Понатаму, овие две состојки се штетни за околината. Пливачите намачкани со средство што ги содржи, придонесуваат кон „избелување” на корални гребени и со тек на време кон истребување на цели корални екосистеми. Заради ова, минатиот месец Хаваи донесе закон што ќе забранува средства што содржат оксибензон и октиноксат од 2021-ва.

Овде има проблем, сепак. Истражувањата кои покажуваат дека состојките во хемиските средства се штетни за луѓето не рефлектираат нанесување на производите во реални ситуации. На пример, едно истражување од 2001-ва кое поврзува оксибензон со однесувањето на естрогенот, доаѓа до заклучок откако на стаорците им било дадено да јадат оксибензон. Така што, освен ако не планирате да изедете голема количина средство за сончање, тешко е да се земе во предвид дека истражувањето „покажало” дека неговата хемиска варијанта е штетна за човек.

И на крај, знаете што е најглупо и најнебезбедно?

Воопшто да не ставите средство за сончање. Многу, многу е важно, затоа што сигурно не сакате флеки, пеги, брчки и рак.

Ако ви е досадно да ставате, направете си интересно. Нанесувајте го вака:

Бидејќи, така отсекогаш сите сме се мачкале на плажа и никако поинаку.

19 јуни 2018 - 13:29