Ана Гилдерслив е родена и порасната во Валенсија. Отсекогаш сакала да живее во Америка затоа што од таму ѝ бил омилениот спортист. Со тек на време желбата ѝ се остварува, и со стипендија студира и се сели конечно во Америка. Се мажи и има две деца. И забележува огромна разлика во воспитувањето деца и во животот на родителите во однос на Шпанија.
„Мислам дека да се биде родител во САД е далеку поздодевно и поизолирачки од Шпанија, вели таа во нејзиното вирално видео на ТикТок. „Некој ми рече, мислев дека сум во депресија, ама изгледа сум во погрешна држава. И тогаш си реков, морам да зборувам на темава.
Прво, повеќето Американци не прават ништо за забава во текот на неделата после работа, особено ако имаат деца. Да ви објаснам. Од понеделник до петок, повеќето Американци не се дружат со други луѓе. Одат директно дома после работа, или по активностите на децата. Генерално, социјалните настани ги чуваат за викенд, поминуваат многу време по дома. А во Шпанија, излезени сме цело време. Од понеделник до петок, и сабота и недела. Кога децата ќе завршат со школо, одиш на најблиското игралиште и се дружиш со други родители. Многу игралишта имаат и мали барови или кафетерии и сосема е нормално да се напиеш чаша вино, или пиво со другите родители, додека си играат децата. Ова е незамисливо во САД.
Второ, мислам дека тука треба цела вечност за да се сретнеш со пријатели. Мораш да закажуваш играње за децата, понекогаш со месеци однапред, а во Шпанија имаш само: Дома си? Да се најдеме во парк за 20 минути? Да. Океј, се гледаме таму. Исто така, мислам дека мајчинството е далеку поизолирано бидејќи повеќето Американци воопшто немаат помош. Селење по целата земја е многу нормална работа. Во Шпанија, повеќето луѓе живеат блиску до семејството, моите браќа и сестри се на 20 минути пешки од мене. Значи ги имам мајка ми, баба ми, тетка ми, братучедите.
Друго, Американците престануваат со сè, дури и кога им е забавно затоа што мораат да ги легнат децата во 7 навечер. Ако видиш дете будно после 8, веднаш си лоша мајка. А во Шпанија, нема врска каде се наоѓаш. Едноставно ја носиш количката и детето ќе заспие во неа.
И децата се секаде вклучени. Во Америка, ги одвојуваат детските од возрасните активности. Родителите се организираат според распоредот на децата, но во Шпанија, децата се адаптираат на распоредот на родителите. И конечно, во Шпанија, и да си мајка, продолжуваш да се дружиш со другарките и одиш во барови и клубови одвреме-навреме. Но, ми се чини во Америка, кога жените ќе станат мајки, престануваат да се забавуваат. Да, приоритетите ти се менуваат, но едно не мора да поништи друго. Можеш да излезеш и да испиеш некоја пијачка со пријатели и сè уште да бидеш добра мајка.“
И има погодено некој нерв, затоа што видеото е прегледано 2,3 милиони пати.
@_anagildersleeve My thoughts on parenthood/motherhood in the U.S🇺🇸 vs Spain🇪🇸 #cultureshock #livingabroad #livingabroadwithkids #motherhoodjourney #mothethood #momsoftiktok #momlife #momtok #spain #usa #fypシ #learnontiktok ♬ original sound - Ana Gildersleeve