Пред да умре кралицата на 96 минатиот месец, принцот Хари и Меган Маркл имаа многу проекти при крај: подкастот на Меган на Спотифај, Архетипови, почна месец дена пред тоа, на Хари треба да му излезат од печат мемоари кон крајот на годината и снимањето на документарна серија за нив двајца веќе беше во одмината фаза.
Сепак, сега е сменета температурата, па според Татлер, серијата на парот може „на неодредено време да се стави во фиока“ затоа што барале „огромни измени“, што не им одговараат на продуцентите.
Според Пејџ Сикс, промените што Хари и Меган ги бараат за серијата се толку обемни, што може и без серија да останат. Потпишаа мултимилионски договор со Нетфликс во 2020, а планираа стратешки да ја пуштат после датумот на „Круната“ кон крајот на 2022 или почетокот на 2023 (гледате како им текнува?).
„Најверојатно, со оглед на недамнешната смрт на бабата на Хари, кралицата Елизабета, Хари и Меган се обидуваат да ублажат многу од работите што ги имаат изјавено за кралот Чарлс, неговата сопруга - кралицата и принцот и принцезата од Велс (Камила, Вилијам и Кејт, по ред), затоа што се верува дека проектот вклучува многу „бомби“ за смејеството,“ известува Татлер.
Сега, новиот датум за премиера се помести сигурно во 2023, со тоа што парот може и да се предомисли, да го одложи, па дури и да го прекине проектот.
„Хари и Меган паничат и пробуваат да ги ‘стишаат‘ дури и најбазичните изјави,“ вели извор за Пејџ Сикс. „Ама тоа е нивна приказна, од нивните усти.“ Извор од Нетфликс, пак вели, „Нетфликс сакаше да ја пушти серијата во декември. Има голем притисок од ЦЕО-то на Нетфликс, Тед Сарандос кој е поврзан со Хари и Меган за да се заврши шоуто.“
Во мај се пишуваше дека Хари и Меган пуштиле камери дома во Монтесито, иако не се знае дали ќе ги има и децата, Арчи и Лилибет. Во јули се планираше дека серијата е добро да излезе пред мемоарите на Хари, кои исто наводно ќе трпеле измени по смртта на кралицата.
„Има многу работи што треба да се организираат и многу нешта се во игра,“ вели изворот на Пејџ Сикс. „Нетфликс сакаат да бидат сигурни дека нема да ги изиграат, главните во Нетфликс знаеја дека излегува книгата, затоа и сакаа серијата да се појави годинава… Не им се чека веќе.“