Се враќа „трајната“

Зборот „трајна“ на некои ќе им разбуди непријатни спомени, од стари албуми каде што се овековечени во неверојатно неласкави изданија, ама затоа па светот е нов, а со него и трајната има повеќе од една варијанта.

Зошто се врати (бе)?
На мала врата е дојден трендот. Еволуира со технологијата, па не е џогер, туку сјајна и мека коса. Сега има модерни техники што одговараат на модерните фризури и животни стилови, па современата „трајна“ повеќе е лесно бранување на косата, волумен и текстура, што многу се разликува од ‘80-те.

Исто така е многу можно и за ова да се виновни од „Стрејнџер Тингс“.

Фризерката на серијата, Катрина Сур вели,

„Одличното кај трајната е дека има повеќе намени - ако сакаш да ја користиш како база за полесно да одржуваш фризури - совршена е. Ако отсекогаш си сакала да пробаш виткана коса, слободно пробај трајна, или бранови. Сакаш совршена текстура без напор? Пробај плажа-локни.“

Постојат и повеќе техники:

Дигитална, која инволвира топли витлери и хемиски процес, или ладен бран, што се прави без топлина и има потрадиционален тип на апликација. Во рамки на овие стилови, има четири главни типови на трајна денес:

Спот
Делумна
Спирална
Боди Вејв и
Бич Вејв

и овие не се единствени, може да добиете и трајна осмислена само за вашиот тип на коса (во зависност од тип, густина и дебелина на влакно).

Па, сега и не звучи така лошо, нели?

26 август 2022 - 00:01