Прашање што сингл-родители го мразат

Родителите што не се во брак, значи или соработуваат во воспитувањето со поранешниот партнер, или се самохрани, често мораат да трпат глупи прашања. Ама има едно што посебно ги нервира.

Прво мајките секако мораат да истрпат куп глупости и пред и по раѓањето. Сакаат да ги советуваат за воспитување, сакаат да ги искараат, да им судат малце, па пак некако да им кажат дека нешто не прават како што треба, и така во круг.

Комичарката Кет Стиклер истакнува дека најдобар начин да се поддржи сингл родител е да се понудиш да му ги почуваш децата. На тој начин му подаруваш слобода на една вечер.

Но, едно од поглупите прашања што ги добива е

„Каде е ќерка ти?“

„Бев излезена и ме прашаа, каде е ќерка ти? А одговорот е, ако не е со мене, значи или е со татко ѝ, или со мајка ми, ама не сакам на тоа да мислам кога сум излезена.“

Не само што е безобразно да прашаш каде е детето (ако е одговорен родител, веројатно има средено некакво чување), туку Стиклер додава и дека може да повреди.

„Знам дека е бош-муабет во прашање, но не сакам да ме потсетуваат дека не сум со неа, дека пропуштам нешто. Порано ме растажуваше тоа.“

Затоа, по којзнае кој пат, најарно ич ништо да не се досаѓа кога се има неповикано мислење и да се остават луѓето да си ја испијат пијачката на раат.

6 април 2023 - 00:00