Парче бизарна модна историја

Moonshine е домашниот алкохол што го правеле Американците за време на прохибицијата (1920-1933) и од тоа време е и модниов крик.

Муншајнерите биле спремни на секакви глупости за да избегнат полиција, па ковале и врзувале ѓонови во вид на кравји копита на чевлите, па со нив оделе по терени каде што имало опасност да ги следат.

Слично се пробувало и во Виетнам, само што од калап правеле човечки стапала и ги лепеле за да личи како да се вообичаени траги од локалните жители кои оделе боси.

Наводно и Панчо Вила вака ги реметел Американците за време на Мексиканската револуција, ама со потковици.

Сте виделе ли поголема посветеност на алкохол?

28 октомври 2022 - 11:07