Нишката Today I Learned на Редит е полна со вакви информации. На пример дека Том Круз е опседнат со праќање торти на колегите, дури и на луѓе со кои работел пред децении. Луис Теро, документарист, има споделено дека кога отишол на 100-тиот роденден на баба му, нашол 100 колачиња испратени од Том Круз (кој, патем, работел со братучед му).
Или, за Бетовен и првата изведба на Деветтата симфонија: Не можел да го чуе аплаузот бидејќи бил глув, па еден од пејачите му пришол и го свртел да ги види овациите што ги добил.
Моделот според кој била цртана Снежана во цртанот на Дизни од 1937, Марџ Чампион беше жива до пред две години и умре на 101.
Еве ја:
Пред Маск, Волт Дизни Компани се договарале да го купат Твитер во 2017, но решиле да се повлечат со изјава дека „гадноста е исклучителна“ на платформата и ќе штети на нивниот имиџ (Дизни, добро утро!). Наместо тоа, купиле 75% од БАМТек, провајдер за видео-стриминг.
Епизодата со данок на поклон, што мораме да признаеме, сепак e мајсторски смислена телевизија. А и кај има Понтијак Г6 за 6-7000 долари?