Не додржа: Саманта сепак ќе се појави во „И едноставно така...“

После бројни „очи нејќам да ви видам“- изјави и после категорични одбивања воопшто да разговара за новата серија, Ким Катрал сепак ќе се појави на кратко во продолжението на „Сексот и градот“.

Логично објаснување нема, освен веројатно - хонорар. А чудно е сепак, затоа што ем Катрал не сакаше да чуе, ем на крај и продуцентите сосе Сара Џесика Паркер даваа изјави од типот „ич нека не доаѓа, не ја ни сакаме штом е таква“.

Плус, вака или онака, првата сезона пројде без неа и изводливо беше, без разлика што беше глупо.

Според Варајети, потврдено е дека Катрал ќе се врати во универзумот на „Сексот и градот“ во втората сезона. Ќе ја има во една сцена која наводно ќе се снима во Њујорк Сити, но со предупредување дека нема да има никаква интеракција со поранешните колешки, ниту со продуцентот. Сцената е со телефонски разговор со Кери (Последното што го имаме чуедно од Саманта е во последната епизода, кога се смирија со Кери преку порака и се договорија да се видат лично).

Претставниците на Катрал и Макс допрва треба да го потврдат ова, а специјално ќе се враќа и Патриша Филд (која работеше на „Емили во Париз наместо ова) за да ја облече Катрал.

1 јуни 2023 - 10:18