„Набљудувачот“ иако досадна, добива втора сезона

Многумина ширум светот беа воодушевени од серијата „The Watcher“, можеби најмногу од фактот дека беше базирана на вистинска приказна. Серијата беше просечна и заврши незадоволително.

Не зборуваме овде за незадоволителен крај во однос на затворање на приказната, затоа што, спојлер:

спојлер

спојлер!

ни вистинското семејство никогаш не открило кој бил језивиот набљудувач што им зборуваше за „свежата крв во куќата“.

Зборуваме за тоа дека и без разлика што гледале да биде верно на оригиналот, серијата почна интересно, а заврши разулавено како што и бива со креаторот Рајан Марфи, чии дела, откако се докажа дека е холивудски играч, сè повеќе личат на музички спотови, отколку на регуларен филм/серија.

Во првата сезона, семејство со маж и жена што ги играат Боби Канавале и Наоми Вотс, се вселува во куќа со мистериозно минато и наскоро ги тероризира невидлив „набљудувач“ што им пишува морничави, па и заканувачки писма. Како и „Дамер“, „Набљудувачот“ брзо стана најгледана содржина на Нетфликс само една недела откако излезе и прегледани се 125 милиони часови, што ја прави една од најуспешните серии на Рајан Марфи. Затоа и не е некое изненадување што добива втора сезона, што најверојатно ќе биде комплетно фиктивна, со оглед на тоа што вистинската приказна има завршено каде што заврши и првата сезона. Затоа и сега публиката ја интересира во кој правец ќе се придвижи приказната.

Ние нема да гледаме, само се надеваме дека барем ќе ја искористат Џенифер Кулиџ уште малку и дека нема на крај сите ликови да експлодираат во флеш-моб, песна и кореографија.

Но, да не биде дека не сме кажале. Рајан Марфи е тоа.

Најпаметно во цела серија беше тизерот:

15 ноември 2022 - 00:01