„Малена“ е трагичен филм - приказна за една преубава жена која ја искусува цената и болката на убавината, раскажана преку воајерските очи на тинејџерот Ренато (ако не сте го гледале, што чекате?).
Анализава со над 300.000 прегледи на Јутјуб фрла поглед на мрачната страна на убавината и цената што жените надарени со оваа привилегија мораат да ја платат. Се прави паралела со Анџелина Џоли, објективно сметана за една од најубавите жени во Холивуд, па со Мерилин Монро, од тие што ги знаеме, плус мисицата Чесли Крист.
За Мерилин ни е најтазе затоа што и филм направија што се наметна како круна на целата експлоатација што таа жена ја има доживеано, не само на живо туку и постхумно и за филмот пишувавме во „Blonde е ѓубре“.
И ова:
„Да се биде блиску до убавина е нешто што мажите го посакуваат, а жените го презираат.“