Мистеријата за Мерилин Монро на Нетфликс

Кога ќе помислите на Мерилин, кој опис прво ви паѓа на памет? Прекрасна? Талентирана? Sвезда? Не ви текнува на тажна?

Има нешто во ликот на една од најобожаваните жени на историјата што те тера да подзапреш со воодушевување и да размислиш. Нормално, овде влегуваат предвид и сите податоци што ги имаме за неа: заврши трагично многу млада, веројатно цел живот околу нејзе кружеле хиени (на Џоан Колинс ѝ има кажано: „Пази се од волците.“), на Џејн Фонда ѝ била како дете што зрачи светлина и ранливост, а на толку ловење и фотографирање, само неколку фотографи успеваат да ја фатат нејзината реална убавина и истата таа ранливост на која со горчина се сеќаваат некои од живите легенди.

А и покрај тоа што светот ја сметаше за своја отворена книга, ликот на Мерилин (за кој Ричард Аведон има кажано дека е измислен, како автор што смислува лик од книга), таа останува мистерија.

Сега Нетфликс како парчиња ги шие последните недели, денови и часови, со досега неслушнати снимки од тие што најдобро ја познавале и прави филм кој фрла ново светло на нејзиниот гламурозен комплициран живот. 

И доаѓа на 27 април.

13 април 2022 - 22:25