Коса во време на Ковид

Пандемијата овозможи многу жени да се префрлат на сиво и бело. И сѐ уште ги дрма трансформацијата, и тоа позитивно.

Со години, Девери Долман оди на фризер за професионално фарбање еднаш месечно. Фризерот меша шест нијанси за да ја постигне огнената црвена што Долман, која има 48 години ја смета за привлечна на интересен но не и очигледен начин - „како кога возам велосипед до плажа и начекувам птици со црвени крилја“ - гледаш еден блесок и ти привлекува внимание,“ вели таа. Кога пандемијата му ставила клуч на нејзиниот салон, Долман со поинаков интерес ги следела корените. Со тек на време, фризерката почнала да ѝ ги праќа потребните работи за фарбање дома, но Долман решила да задржи еден сив прамен. Фотографирана е од Елинор Каручи, со среброто што ѝ паѓа од веѓата како течна жива:

„Никогаш немаше да видам што има под тоа, да не беше овој принуден прекин. Како кога ботанист прави пресек на дрво и по дебелината на прстените може да каже какви биле условите таа година? Ова ми личи како ете, сме ја имале таа година, и ова се случило.

„Јас сум од Индонезија и таму културата вели и едно бело влакно да имаш - фарбај го. Постои стигма.“

Другите модели кои ги сликала Каручи исто се позитивно потресени од трансформацијата. Лорен Каценберг, 35-годишна почнала да ја губи бојата на 16.

„Седев пред огледало и ги кубев, но додека стигнав на факултет, станаа премногу бројни за кубење,“ вели таа. Затворена дома минатата година, научила да го цени она што отпрвин се трудела да го крие.

 

На сликите е и Памела Гонта, на возраст од 47, и гледано одзади, косата ѝ е како луксузна завеса: ѝ расте метално сива, па станува црна на врвовите каде што сѐ уште трае фарбата. Вели, „Речиси како да прекинувам некаква зависност. Не ми дали ни мирисот, особено првиот ден кога не можеш ни од перницата да го избегнеш.“

За Сабрина Спенсер, која има 47 години, ослободување на еден сребрен прамен значи изјава за колегијалност.

„Имам многу роднини што го имаат на истото место, па почнав и јас да го оставам, бидејќи на тој начин се идентификував со семејството,“ објаснува.

Мунира Алатас-Калифа има 80, а косата ја фарба над 30 години. Во нејзиниот портрет, елегантните карактеристики се исто така осветелни од сребрено, со остатоци од кафено позади. И кога луѓето ѝ велеле „Но, зошто? Изгледаш стара!“ им одговарала со „Па не сум ни млада“.

Сузан Мачари која има 42 дозволила нејзината густа коса да се врати на природната боја, и ова било дел од поголем процес на промена.

„Пред ковид, особено во Њујорк секогаш планиравме,“ вели таа. „Сега сѐ се врти околу удобност и јавање на бранот, па кај сака нека оди.“

„Кога ќе видам пријателки што ги знам уште од кога сме имале по 13 години и косата им е седа, си мислам, леле, постари сме. Но, не го гледам тоа како нешто негативно.“
-Сабрина Спенсер, 47.

23 септември 2021 - 08:18